Лазарополе


Црква Св.Ѓорѓија

Дел од ентериерот на црквата

Иконите - творечка традиција

Лазарополе е сместено е во падините на Бистра и е планински рај во Македонија. Благата планинска клима, заради термичкото влијание од Медитеранот преку реката Радика, придонесува Лазарополе да има преку 2000 сончеви часови во текот на годината.

Изобилството на шуми се природен филтер што го прават воздухот кристално чист, поради што Лазарополе е официјално регисрирано како место со најчист воздух на Балканскиот Полуостров.

Црквата Св. Ѓорѓија како заштитен знак ја надополнува живописната глетка на Лазарополе. Изградена во 1841 година, претставува монументална градба, опкружена со зидини од делкан камен високи 4 метри. Ентериерот на црквата е дело на легендарниот Димитрие Перкоски (Дичо Зограф) од мијачкото село Тресонче.





  2007 Калин Хотел, Лазарополе. Email: info@kalinhotel.com.mk, Тел. (046) 846 222